МАПА НА СИТЕ ЗЕМЈИ КОИ ЈА ИМААТ ОКУПИРАНО ПОЛСКА Имало и бетер од Балканот (ФОТО)
Германија ја нападнала Полска не само во Втората светска војна туку и во 1308, 1409, 1772, 1793 и 1795 година. Турција имала три конфликти со Полска во 1621, 1673 и 1694 година. Русите биле во војна со земјата седум пати, ако се бројат 1632, 1654, 1772, 1792 и 1794 година. Литванија и Латвија добиле територии во 18 век. Чехословачка била во војна со Полска во 1919 година.
Мапа од сите земји кои некогаш ја окупирале Полска или дел од нејзината територија беше објавена од страна на БрилиантМапс. Според црвената боја со која со означени земјите, огромен дел европските земји поседувале дел од територијата на Полска макар и на кратко време и макар и во склоп на друга држава. На мапата се прикажани 14 денешни европски земји кои војувале со оваа земја.
Означени дури и Литванија и Латвија, кои добиле територија од Полска кога се распарчувал Литавнко-Полскиот комонвелт во 18 век. Од северните земји означена е Шведска која имала конфликт во 17-тиот век. Од западните соседи кои ја нападнале оваа словенска земја освен Германија се и Чешка и Словачка кои како Чехословачка биле во војна со Полска во 1919 година, Австроунгарската империја добила дел во 18-тиот век, а Франција е означена како дел од хитлерова Германија и Италија, како сојузник на нацистите во војната.
Германија ја нападнала Полска не само во Втората светска војна туку и во 1308, 1409, 1772, 1793 и 1795 година. Турција имала три конфликти со Полска во 1621, 1673 и 1694 година. Русите биле во војна со земјата седум пати, ако се бројат 1632, 1654, 1772, 1792 и 1794 година.
Како окупатор може да се земе и Џингис Кан, односно Монголија во 1241, 1259 и 1287 година, односно во 13 век. Со тоа бројката на окупатори пораснува на 15 земји.