СМРТНО ПРЕГАЗИЛ ЖЕНА И ПОБЕГНАЛ Сопругата лажела, „Сејф сити“ го уловил

560

Во СВР Скопје вчера во 17.25 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците 500 и 401 во населеното место Марино, скопско, патничко возило „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден, скопско, удрило во пешакот В.Н.(78) од Марино, а потоа со возилото го напуштил местото на настанот.

Прегледани се видео снимки од околни објекти, разговарано е со лице – сведок, како и со лицата кои се сопственици на возилото, кои во службен разговор изјавиле дека го дале возилото на непознато лице без купопродажен договор.

Но, по преглед на снимките од „Сејф сити”, констатирано е дека се работи за лажна изјава на сопственичката на возилото Ј.С. од Скопје, која веднаш е приведена во ПС Гази Баба и признала дека нејзиниот сопруг И.С. (46)  го управувал возилото. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини