МАНИПУЛАЦИИ СО ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ За едно работно место бил Ром, на друго Турчин, на трето Македонец
Или надлежните да најдат начин да се спречат злоупотребите или да се укине балансерот за соодветна застапеност на етничките заедници во јавниот сектор бараат членовите на ДКСК. Антикорупциска своите идни вработени веќе ги пријавила во обвинителството и очекува исход од овој предмет.
За едно работно место бил Ром, на друго Турчин, на трето Македонски. Ист кандидат на ист оглас на Антикорупциска се пријавил за 5 работни места со три различни изјави за етничка припадност, во зависност како се барало со огласот. Најдобро рангиран бил на позицијата советник за спрчување на корупција како кандидат со ромска националност, објави Телма.
Ова лице на огласот за пополнување на неколку работни места на ДКСК, за советник за информатичка технологија се пријавил како Турчин, а победил кандидат Албанец. Оваа очигледна злоупотреба на уставно загарантираното право на етничка припадност како и на алатката за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во администрацијата, го утврдиле одговорните лица на ДКСК и го пријавиле.
Но, Агенцијата за адимнистрација ги прифатила аргументите на кандидатот и им наложла на ДКСК да го изберат советникот, кој во молбата запишал дека е Ром.
Од ДКСК за овој случај со нивниот нов колега велат дека надлежните мора да најдат начин да се спречат злоупотребите или да се укине балансерот за соодветна застапеност на етничките заедници во јавниот сектор. Тие велат дека овој случај веќе е пријавен во обвинителството.