Британската манекенка Холи Мекгваер призна дека два пати била на чекор до смртта откако се заразила со коронавирусот и дека лекарите ѝ дале само 15 отсто шанса да преживее кога ја приклучиле на респиратор.
Холи претходно напишала на интернет дека коронавирусот е измислен и ги повикала луѓето против вакцинација.
„Бев анти-ваксер, не сакав да се вакцинирам, но сега сум убедена дека ковидот е вистински“, рекла таа за „Мирор“.
Таа признала дека одбивала да верува дека има коронавирус сѐ додека не завршила во болница, каде поминала повеќе од три недели, од кои две била во кома на респиратор.
Мојот сопруг беше подготвен за најлошото. Ја повика мајка ми и плачеше велејќи дека мисли дека нема да се извлечам.
„Многу од моите пријатели беа анти-ваксери, тие се залагаа против вакцината, а и јас ги слушав. Зборуваа дека со години нема да знаеме дали вакцината е сигурна, а гледајќи ги вестите од дома, Владата не ме убеди во спротивното.“
– Сега навистина се каам. Бев глупава. Откако се заразив, беше ужасно, ме погоди како камион. Само вакцинирајте што е можно поскоро – рекла Холи.