Светскиот топ модел и ангел на „Викторијас сикрет“ Тејлор Хил (24) не успеа да ги воодушеви модните експерти и критичари со својот стајлинг на црвениот тепих во Венеција.
Убавата манекенка парадираше на црвниот тепих, но во нејзиниот стајлинг немало нималку гламур, туку нота на вулгарност. Таа при пристигнувањето на црвениот тепих дури носеше и маска на лицето со истиот дезен како и фустанот.
Иако гламурот не недостасуваше на синоќешната церемонија на 77. Филмски фестивал во Венеција, познатите дами блескаа во раскошни облеки, а единствената чиј стајлинг беше оценет негативно е оној на Тејлор Хил.
– Со ваков излед да облечеш толку лош фустан е чисто злосторство. Таа можеше да изгледа многу подобро – гласел коментар на еден дизајнер.
Манекенката ја преминала границата на добриот вкус со овој фустан, во кој била мошне разголена.
– Длабоко деколте, гол стомак, проѕирен фустан, сето тоа е премногу. Таа апсолутно не успеа да импресионира никого. Ова е премногу вулгарно – се надоврзал друг моден критичар.
FOTO: Instagram