МАНЕКЕНКАТА ШТО СЕ ВЕНЧА САМА ЗА СЕБЕ, СЕГА СЕ РАЗВЕДУВА Го пронашла „вистинскиот“ (ФОТО)
Крис изјавила дека не е разочарана што нема младоженец покрај себе и дека прифаќа што е сама.
Во септември оваа година моделот Крис Галера се венча за самата себе, но сега одлучила да се разведе, бидејќи се вљубила во некој друг.
Крис ги полнеше медиумите откако одлучи дека се сака најмногу себеси и токму самата на себе сакаше да го изговори судбоносното „да“. Манекенката се изморила од потрагата по вистинскиот маж. Организирала и цела церемонија која се одржала во септември.
Говорејќи за својот брак, 33-годишната Крис изјавила тогаш дека не е разочарана што нема младоженец покрај себе и дека прифаќа што е сама. Но, среќниот брак не траел долго – само 90 дена. Крис побарала развод од самата себе. Рекла дека била среќна додека траело. Одлучила сега да се разведе бидејќи го пронашла „оној вистинскиот“.
– Секогаш се плашев дека ќе останам сама, но со текот на времето сфатив дека имам многу да научам за себе и да се прифатам – рекла тогаш манекенката.
Иако таа блескала на својот најсреќен ден, во коментарите добивала и навреди.
Крис сега рекла дека била среќна додека траело и дека сега верува повторно во љубовта бидејќи го запознала вистинскиот.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм