МАНЕКЕНКАТА ПОЗИРАЛА ГОЛА НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕД ДА СЕ ПОРОДИ Ова е одвратно, ѝ порачаа (ФОТО)

На трудничкиот стомак со црна боја се нацртани две бебиња, кои ги претставуваат двете момчиња со оглед на тоа дека Ешли овој пат очекува близнаци.

1,311

Славната плус-сајз манекенка Ешли Греам ужива во последните недели од бременоста, а своите фанови на Инстаграм ги почестила со фотографии на кои позира целосно гола.

На трудничкиот стомак со црна боја се нацртани две бебиња, кои ги претставуваат двете момчиња со оглед на тоа дека Ешли овој пат очекува близнаци.






Многумина ја пофалиле манекенката бидејќи храбро го покажува своето тело, но имало и такви на кои нималку не им се допаднало ова.

„Дај по ѓаволите облечи нешто на себе“, „Ова е одвратно“, „Луда фотографија“, „Мислам дека и без голите фотографии можеш да уживаш во бременоста“, биле дел од коментарите.

Да потсетиме, Ешли и нејзиниот сопруг Џастин веќе имаат син, едно и пол годишниот Исак Менелика Џовани Ервин.

Ешли во 2001 година започнала да се занимава со моделинг, а со конфекцискиот број 46 поч нала да се појавува на насловни страни на разни магазини, соработувала со светски познати брендови, има своја линија за долна облек и е активистка на движењето Health as Every Size.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини