Манекенката од насловната на „Вог“ го избодела сопругот до смрт откако донел друга жена дома ФОТО

1,451

Руската манекенка Лилиа Судакова, како што објави агенцијата „East2West News“, го избодела својот сопруг до смрт откако дома донел друга жена.

Дваесет и шест годишната Лилиа за ова би можела да добие 15 години затвор. Убавата Русинка, велат тие, признала дека до смрт го избодела сопругот Сергеј Попов (28).






Манекенката, чија фотографија се појави на насловната страница на руското издание на списанието „Вог“, наводно им рекла на истражителите дека збеснала од љубомора кога нејзиниот сопруг флертувал пред неа со друга жена што ја запознал во еден бар и ја донел дома.

Нејзината мајка Ирина Судакова тврди дека Лилиа го нападнала сопругот во самоодбрана. За руските медиуми открила дека нејзината ќерка била жртва на семејно насилство подолго време и дека нејзиниот сопруг се обидел да ја принуди да зготви оброк за него и за жената што ја донел во станот пред кобниот настан, по што тој ја удирал и ја влечел за коса.

– Во тој момент, таа замавнала кон него и случајно го прободела со нож. Мојата ќерка тоа многу ја потресе. Отпрвин мислеше дека само го расекла. Во овој слулај, Лилиа е жртвата. Тоа беше самоодбрана – изјавила за рускиот весник „Космолоскаја правда“. Таа за својот покоен зет рекла дека бил „алкохоличар“ и „арогантен сноб“.

Лилиа е обвинета за убиство и во моментов се наоѓа во истражен затвор.

Vogue model stabs 'abusive' husband to death in the heart after he 'brings a girl home from bar and flirts with her'

ФОТО: Инстаграм

ФОТО: Irina Grishina/mash

Поврзани содржини