Манекенката Џиџи Хадид конечно призна зошто ја крие бременоста ВИДЕО

1,165

Манекенката Џиџи Хадид за првпат го покажа трудничкиот стомак преку јавување во живо на Инстаграм.

– Ова е мојот стомак – рекла среќната манекенка и се свртела настрана за да ја покаже големината на трудничкиот стомак.






Првата бременост Џиџи ја криеше од јавноста, а сега објасни зошто е тоа така.

– Очигледно многу луѓе се збунети зошто повеќе не споделувам. Јас сум бремена за време на пандемијата и, очигледно, има многу поважни работи во светот. Мислам дека треба да ги користиме социјалните медиуми за поддршка – рекла Џиџи.

– Не сакам да се грижам дали сум слатка и дали треба да објавувам нешто секој ден. Имам семејство и пријатели со кои споделувам сè – заклучила манекенката.

Џиџи и нејзиниот партнер Зејн Малик престојуваат на фарма во Пенсилванија. Манекенката откри дека носи женско бебе, кое треба да пристигне во септември.

 

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини