Хајди Клум уште вчера објави дека се сомнева дека е заразена со коронавирус, бидејќи не се чувствувала добро, а потоа објави и видео на Инстаграм, на кое се гледа како таа и сопругот се бакнуваат преку стакло.
Манекенката се сомнева дека се заразила за време на снимањето на емисијата „Јас имам талент“, па повика на „посовесно однесување во овие кризни моменти“.
„Чувствував дека имам температура, ми беше студено и ми течеше нос. Останав дома да не ги заразам другите луѓе. Водете сметка и останете дома ако не се чувствувате добро”, вели манекенката.