Манекенка пронајдена мртва покрај патот, со 18 прострелни рани и масакрирана

4,070

Манекенката Ребека Ландрит е пронајдена мртва покрај пат во американската сојузна држава Пенсилванија. Во џебот имала хартија со име на мажот Трејси Ролинс, кој наскоро бил уапсен и обвинет за тешко убиство и злоупотреба на труп, пренесува „Мирор“.

Форензичарот Доминик Адамо во изјавата вели дека Ребека имала рани од куршум во главата, вратот, градите и рацете. За време на обдукцијата биле пронајдени 18 куршуми. Полицијата верува дека била убиена неколку часа пред да биде пронајдена.






Кога ја пронашле, таа немала никаква идентификација, но отпечатоците од прсти биле доволни да им помогнат на истражителите да утврдат која е таа.

Дваесет и осумгодишниот возач на камион е поврзан со местата коишто се појавуваат на сметките пронајдени кај Ребека. Полицијата открила дамки од крв и чаури во камионот Ролинс, а тој се обидел да го исчисти своето возило со избелувач и други раствори, пренесоа американските медиуми.

Тој бил уапсен три дена по пронаоѓањето на телото на Ребека, во Конектикат.

Ребека постигнала одреден успех како модел, а била финалистка на изборот за Мис на Менхетен во 2014 година. Нејзината биографија открива и дека била и одлична виолинистка.

Зборувајќи за „ПенЛив“, братот на Ребека, Џорџ Ландрит, рекол дека таа не била во добри односи со семејството во последните пет години.

Истрагата за причините за убиството е во тек.

 

 

 

Поврзани содржини