Манекенка откри ужасни детали додека била ангел на „Викторијас сикрет“: Ме тераа да користам наркотици (ФОТО)
Манекенката Бриџит Малком (29) објави видео на ТикТок во кое тврди дека брендот „Викторијас сикрет“ има лошо влијание врз моделите, а нивниот обид да ја прифатат различноста и да ги зајакнат жените го прикажала како „шега“.
Бриџит рекла на видеото на ТикТок со наслов „Малку предоцна, „Викторијас сикрет““, дека нејзиното здравје било нарушено до тој степен што не изгледала здраво ниту однадвор, но ниту и одвнатре.
„Го пронајдов мојот градник од ревијата во 2016 година. Ова е со големина 30А, а сега сум на 34Б. Сега моето тело е здраво“, рекла Бриџит во видеото кое брзо се прошири на интернет.
Бриџит јавно им се извинила на обожавателите за советите што ги споделила и јавно ги застапувала, бидејќи сфатила дека начинот на исхраната и секојдневното вежбање не се исправни.
Во едно од нејзините видеа, раскажала како агентите на брендот ја поттикнувале на кокаин, секс и постојано ја терале да слабее. Таа тврди дека постар маж повеќепати сексуално ја злоставувал, поради што на крајот страдала и од депресија.
@bridgetmalcolmtoo little too late Victoria’s Secret ##victoriassecret ##victoriasecretshows ##CompleteMyLook ##MyColoredHair♬ original sound – Bridget Malcolm
ФОТО: Инстаграм/ТикТок