МАНДАТОТ ОДИ ВО РАЦЕТЕ НА СЛАВИ ТРИФОНОВ Трета (не)среќа за формирање влада во Бугарија
ГЕРБ, ПП-ДБ, ДПС и БСП се изјаснија дека нема да поддржат влада во трет мандат, без оглед на кого ќе му биде даден.
Претседателот Румен Радев денеска во 11:00 часот по бугарско време ќе го додели третиот мандат за формирање влада на пратеничката група на „Има таков народ“ (ИТН) на Слави Трифонов.
ИТН веќе најави дека веднаш ќе го врати мандатот доколку биде предаден.
ГЕРБ, ПП-ДБ, ДПС и БСП се изјаснија дека нема да поддржат влада во трет мандат, без оглед на кого ќе му биде даден.
Изборот на Радев за ИТН доаѓа откако ГЕРБ и ПП-ДБ ги вратија нереализирани првиот и вториот мандат за формирање на Влада.