МАНДАТОТ НА ТРАМП ЌЕ БИДЕ ПРЕДИЗВИК Шолц е уверен дека Европа е силна додека се очекуваат тешкотии

Американскиот претседател Трамп вчера рече дека е многу лошо што САД имаат трговски дефицит со Европа, сугерирајќи дека тоа може да се реши со воведување царини.

179

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе претставува предизвик за Европа.

Шолц во Париз, каде што се состана со францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека Европа мора да биде силна и издржлива во светот на големи промени.






– Претседателот Трамп, тоа е веќе јасно, ќе претставува предизвик – рече Шолц.

Макрон и Шолц денеска ќе разговараат и за Украина и за економските прашања.

Во изјавите пред работниот ручек во Елисејската палата и Макрон и Шолц инсистираа дека Европа е силна и дека француско-германската алијанса е силна додека се очекуваат тешкотии.

Двајцата европски лидери се сретнаа откако Доналд Трамп стана претседател на САД и се закани дека ќе воведе санкции кон Европа.

Трамп вчера рече дека е многу лошо што САД имаат трговски дефицит со Европа, сугерирајќи дека тоа може да се реши со воведување царини.

Поврзани содржини