МАНДАТАРОТ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА НАЦИЈАТА БЕЗ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ПОЗАДИНА Зад Ковачевски поставени знамињата на СДСМ, НАТО и на ЕУ

Ковачевски испрати пораки за просперитет и добро здравје, но пропушти зад него да го постави државното знаме на Македонија.

3,226

Мандатарот за состав на нова влада на Република Македонија, Димитар Ковачевски со видео порака објавена на Фејсбук, на македонските граѓани им ги честиташе празниците.

Ковачевски испрати пораки за просперитет и добро здравје, но пропушти зад него да го постави државното знаме на Македонија.






Тоа предизвика револт кај луѓето кои ја имаат заследено неговата фан страница.

,,Среќна Нова Година и вам, но ме разочаравте на кои граѓани се обраќате на која држава кога во вашата позадина не го гледам Македонското државно знаме ,НАТО Партиско и Европско, член сум на СДСМ но вакво нешто ме љути…”, пишува еден од неговите фанови.

Поврзани содржини