МАНЧИНИ Е ОПТИМИСТ Победата над Македонија треба да се потврди на терен
Натпреварот ќе се игра во Палермо на 24 март. Победникот од овој дуел, во финалето на 29 март ќе игра со поуспешниот од средбата Португалија – Турција.
Селекторот на Италија, Роберто Манчини на прес-конференција пред мечот со македонската фудбалска репрезентација во бараж за Светското првенство во Катар рече дека е оптимист, но потенцира дека победата треба да се потврди на теренот.
– Нема да бидат лесни натпревари, два лесни натпревари, се разбира, не требаше да влеземе во таква ситуација и ќе го поминеме тешкиот пат. Составот е ваков, не можам да повикам 40 играчи. Натпреварот со Македонија нема да го сметаме за добиен однапред. Оптимист сум, но не ја отпишуваме македонската репрезентација. Но, нашата цел не е само да се пласираме на Светското првенство, туку и да го освоиме – изјави Манчини.
Натпреварот ќе се игра во Палермо на 24 март. Победникот од овој дуел, во финалето на 29 март ќе игра со поуспешниот од средбата Португалија – Турција.
Светското првенство ќе се игра во Катар од 21 ноември до 18 декември.