Манчевски за ТВ24: Мора да се искористи првата можност за организирање избори

Тој истакна и дека многу други земји епидемијата ги затекнала среде избори, но тие, како што потенцираше, годинава сепак ќе се одржат.

345

Што ќе правиме ако наесен имаме поголем интензитет на коронавирусот? Ова прашање го постави министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски во денешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 и додаде дека мора да се искористи првата можност за организирање парламентарни избори.

– Мора да ја искористиме првата можност за организирање избори. Што се однесува до датумот, нема да правиме ништо спротивно од она што го вели Комисијата за заразни болести. Ако од одредени причини не е возможно на средината на јуни да се одржат изборите, тогаш ние ќе го почитуваме тоа – рече Манчевски.






Тој истакна и дека многу други земји епидемијата ги затекнала среде избори, но тие, како што потенцираше, годинава сепак ќе се одржат.

– Ако подолг временски период нема избори, тогаш ќе мора да се продолжи вонредната состојба. Индициите велат дека ако сега има намалување на вирусот, а наесен повторно се појави, тогаш сега треба да се искористи шансата за избори. Ако решиме дека нема вонредна состојба, тогаш оваа влада треба да продолжи со роковите каде застана и изборите да се случат – рече Манчевски.

Поврзани содржини