Манчевски: За 60 отсто ги намаливме трошоците на избраните и именуваните функционери

639

Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Дамјан Манчевски, во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма порача дека владата предводена од СДСМ во изминатите 3 години покажала одговорност кон парите на граѓаните и дека трошоците на избраните и именуваните функционери се значително намалени.

– Ние, во СДСМ, започнавме една сериозна реформа што ја нарековме одвојување на партијата од државата и воведовме серија ограничувања за избраните и именуваните функционери, во однос на користење службени возила, надоместоци за комисии и слично кои во 2016 година беа огромни а сега се спуштени за 60 отсто – рече  Манчевски.






Спопред него, популистичките предлози кои доаѓаат од дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да направат никаква суштинска разлика и граѓаните од нив нема да видат конкретни придобивки.

– Популистички предлози нема да им помогнат на граѓаните, ајде да ги поддржиме реформите кои ги почнавме и со кои намаливме над 60 отсто од трошоците за функционерите – рече Манчевски.

 

Поврзани содржини