Манчевски: Во државата нема пуштено во употреба 5Г мрежа

Ги повикуваме сите извори на лажни вести, да престанат со објавување на дезинформации кои имаат единствена цел да создаваат недоверба и паника кај граѓаните. Исто така, апелираме сите граѓани внимателно да бираат од каде се информираат и да ги проверуваат изворите на информации.

662

Ги информирам граѓаните дека во нашата држава нема пуштено во употреба 5Г мрежа и дека надлежните институции немаат спроведено постапка за доделување на фрекфенции за 5Г мрежа. Од тука сите грижи за ефектите од 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните се неосновани, напиша на Фејсбук министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,

– Информациите кои се појавија во јавноста, дека деновиве се прават тестирања се неточни. Во нашата држава до сега се направени само две тестирања и тоа, едно во 2018та година во органичени и строго контролирани лабараториски услови, и второ тестирање во 2019та година, на ограничен простор.






Ги повикуваме сите извори на лажни вести, да престанат со објавување на дезинформации кои имаат единствена цел да создаваат недоверба и паника кај граѓаните. Исто така, апелираме сите граѓани внимателно да бираат од каде се информираат и да ги проверуваат изворите на информации.

Лажните вести имаат непроценлива штета, особено во вонредни ситуации како што е оваа со коронавирусот и кај нас и во светот, и одговорноста е на сите нас да придонесеме кон намалување на ризиците. Тоа може да го направиме само ако сме доволно и точно информирани, од релевантни и проверени извори, пишува Манчевски.

Поврзани содржини