Манчевски им порача на комуналците да не се вадат на министерството, туку да го соберат ѓубрето

Го повикуваме раководството, да постапи по насоките од Кризниот штаб на владата каде јасно е наведено дека претрпијатија од профилот на ЈП „Комуналец“, работењето за време на полициски час едноставно само го најавуваат на 192.  

578

Министерството за информатичко општество и администрација не е надлежно да издава дозволи во услови на ограничено движење на вработените во ЈП „Комуналец“.

– Демантираме дека вината зошто ЈП „Комуналец“ не се погрижило за хигиената во градот Скопје, за време на викендот е кај МИОА. Го повикуваме раководството, да постапи по насоките од Кризниот штаб на владата каде јасно е наведено дека претрпијатија од профилот на ЈП „Комуналец“, работењето за време на полициски час едноставно само го најавуваат на 192.






Оваа информација јасно е наведена во соопштението објавено од МИОА, достапно на следниот линк: http://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/2908 , каде што стои:

Во категоријата дозволи за движење со јавување во МВР на 192 влегуваат:

– Вработени во агенции за обезбедување и чуварски служби

– Вработени во сервисни компании (ЕВН, телекомуникациски и кабелски оператори, јавни и комунални претпријатија)

Очекуваме и се надеваме дека направената грешка овој викенд брзо ќе биде поправена и дека нема да биде повторена, соопшти МИОА.

 

Поврзани содржини