МАНЧЕСТЕР СЕ ЗБОГУВА СО РОНАЛДО? Симнат неговиот плакат од стадионот (ВИДЕО)

На видеото снимено пред стадионот на Манчестер Јунајтед може да се види како работниците вработени во клубот го вадат тапетот со слика од Роналдо од надворешната страна на трибината.

736

Кристијано Роналдо сѐ уште е член на Манчестер Јунајтед, но… По интервјуто кое се појави пред неколку дена , во кое Португалецот, меѓу другото, ги прозва семејството Глејзер, Ерик Тен Хаг, Вејн Руни, Гери Невил и други, сѐ поверојатно е дека во јануарскиот преоден рок тој повторно ќе си бара клуб, пренесува Мондо.

Подготовките за збогување веќе почнаа – Јунајтед го отстрани Роналдо од стадионот!






На видеото снимено пред стадионот на Манчестер Јунајтед може да се види како работниците вработени во клубот го вадат тапетот со слика од Роналдо од надворешната страна на трибината.

Многу навивачи на Јунајтед оценија дека времето во кое Роналдо го нападна клубот е погрешно, а дека ниту начинот на кој го направи тоа не бил баш одличен. Кристијано Роналдо можеше многу подобро да постапи во оваа ситуација, па со многу поголемо внимание да привлече внимание на некои аномалии во клубот. На овој начин му наштети и на клубот и на себе, сметаат фановите.

Потсетуваме дека во летото 2021 година Кристијано Роналдо се врати во Јунајтед за кој настапуваше на почетокот на кариерата. Почна во Спортинг Лисабон, подоцна стана ѕвезда на Олд Трафорд, а потоа Реал и Јувентус го изградија неговото име во едно од најголемите во историјата на фудбалот.

Сепак, враќањето во Англија за Роналдо не беше пријатно. Холандскиот тренер Тен Хаг не го почитуваше многу и често го оставаше на клупата за резерви.

Поврзани содржини