МАНАСКОВ ЖЕСТОКО КАЗНЕТ Три месеци суспензија по хаосот на мечот Охрид – Пелистер

Репрезентативецот на Македонија ќе пропушти пет натпревари, а асистентот на Охрид е суспендиран на три средби, клубовите заработија парични казни од по 45.000 денари.

1,221

Ракометната федерација на Македонија ги пресече инцидентите по дербито меѓу Охрид и Пелистер – најтешката казна ја доби репрезентативецот Дејан Манасков, кој ќе паузира цели три месеци.

Манасков, кој настапува за Пелистер, е суспендиран до средината на март и во тој период ќе пропушти пет натпревари – три во регуларниот дел од првенството и уште два во плеј-офот, што претставува сериозен удар за битолчани во клучната фаза од сезоната.






Казна заработи и таборот на домаќините. Асистентот на тренерот на Охрид, Крсте Андоновски, ќе биде надвор од клупата на три натпревари, а на своите обврски ќе може да се врати по 14 февруари.

Покрај суспензиите, дисциплинската комисија изрече и парични казни, и Охрид и Пелистер ќе треба да платат по 45.000 денари поради инцидентите кои се случија по завршувањето на натпреварот.

Со оваа одлука, Ракометната федерација испрати јасна порака дека нема да толерира недолично однесување, особено во натпревари со висок влог и силни тензии.

ПРИВЕДЕН РАКОМЕТАРОТ ДЕЈАН МАНАСКОВ Нападнал тренер по натпреварот

Поврзани содржини