МАНАСКОВ УСПЕШНО ОПЕРИРАН Се чувствувам добро и благодарам за поддршката
Операцијата помина добро и се чувствувам одлично. Благодарам на поддршката која пристигаше од сите страни во последните две недели - напиша Манасков.
Македонскиот репрезентативец и ракометар на унгарски Веспрем, Дејан Манасков се чувствува добро по извршениот хируршки зафат по повредата на коленото која ја заработи на натпревар во првенството на Унгарија.
По завршувањето на операцијата Манасков објави фотографија од болница каде што ги поздрави своите фанови.
– Операцијата помина добро и се чувствувам одлично. Благодарам на поддршката која пристигаше од сите страни во последните две недели – напиша Манасков.
Според првичните информации, затоа што станува збор за операција на коленото, се очекуваше дека сезоната за Манасков е завршена, но најновите информации велат дека би требало тој да се врати на терените пред крајот на оваа сезона.