Манџукиќ се откажа од мартовската плата, Милан ќе ја донира

402

Поранешниот напаѓач на хрватската фудбалска репрезентација Марио Манџукиќ одлучи да се откаже од платата за минатиот месец во кој не одигра ниту еден натпревар за италијанскиот прволигаш Милан поради повреда, а неговиот клуб најави дека парите ќе ги донира во хуманитарни цели.

Манџукиќ дојде во Милан во јануари, а по повредата на крајот од февруари беше надвор од теренот два месеци.






– Овој потег на Манџукиќ е само доказ за негова етиката и професионализам – изјави претседателот на Милан, Паоло Скарони.

Според италијанскиот печат, месечната плата на Манџукиќ изнесува 300.000 евра, а Милан парите ќе ги донира на фондација која поттикнува проекти за помош на ранливи категории млади луѓе во социо-економска и образовна смисла

Поврзани содржини