МАН: Целосно е пополнета квотата за вакцинација

На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија Александар Вучиќ, беше одобрена вакцинација и ревакцинација за 100 лица.

456

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги известува сите медиумски работници дека е пополнета квотата од 100 лица за доброволна вакцинација против вирусот ковид-19 со вакцината „АстраЗенека“ која е закажана за во вторник 23 март 2021 година, во Врање, Република Србија.

– Сто (100) медиумски работници доброволно се пријавија на повикот на МАН да се заштитат со вакцинација против вирусот Ковид-19 и сите пријавени добија повратни емаил потврди дека се регистрирани за вакцинација – се вели во соопштението од МАН.






На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија Александар Вучиќ, беше одобрена вакцинација и ревакцинација за 100 лица.

Поврзани содржини