📽️ „МАМО, ТАТО, ВИДЕТЕ ШТО ПРАВАМ КОГА СУМ НАДВОР“ Загрижувачко видео од девијантното однесување на малолетниците
Градоначалникот Герасимовски пред два дена за овие случувања се сретна со началникот на СВР – Скопје Сашо Топаловски со кого договори конкретни чекори за враќање на мирот во деловите од општината што се мета на хулигани и вандали. Покрај институциите Герасимовски ги повикува и граѓаните и родителите на будност и блискост со своите деца.
Општина Центар повеќепати алармираше за недоличното однесување на малолетниците и уништувањето на детските игралишта од нивна страна, денеска испрати видео снимки со цел да се види загрижувачкото однесување на младите.
На нив може да се видат сцени на деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца, до општината ги испратија исплашени граѓани од околните згради близу детското игралиште во Капиштец.
Градоначалникот Горан Герасимовски во многу наврати досега информираше за дивеење и уништување на детските игралишта и урбаната опрема во општината. Минатата недела обиен и ограбен беше комуналниот пункт на Општина Центар во Капиштец од каде беа украдениалатките и опремата којашто ја користат хигиеничарите. Општинските служби речиси секојдневно наоѓаат искршени клупи, канти, канделабри, дел од детски реквизити, огради и затекнуваат пешачки патеки полни со ѓубре и искршени стакла. Сите овие случаи како и видео снимките општината ги достави до надлежните институции.
Општина Центар се надева дека институциите, но и граѓаните по објавениот видео материјал сериозно ќе ги сфатат случувањата во ноќните часови на детските игралишта особено во Капиштец.
Градоначалникот Герасимовски пред два дена за овие случувања се сретна со началникот на СВР – Скопје Сашо Топаловски со кого договори конкретни чекори за враќање на мирот во деловите од општината што се мета на хулигани и вандали. Покрај институциите Герасимовски ги повикува и граѓаните и родителите на будност и блискост со своите деца.
Оваа снимка е од Општина Центар, погледнете какви дебили сте родиле и воспитале Пу да ви…. pic.twitter.com/MjLwUAMToe
— Сирма 💥🌺 (@tyo88x) July 11, 2024