„Мамо, престани те молам!“ Малите принцови и принцезата не го поднесуваат ова, а Кејт Мидлтон не се откажува! (ФОТО)

2,023

Кога ќе ги заврши своите кралски обврски и ќе ја затвори вратата на Кенсингтонската палата, војвотката од Кембриџ е една обична мајка.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се родители на три деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Малите принцови и принцезата главно можеме да ги видиме на официјалните кралски портрети, а интересно е тоа што, иако на располагање им стојат најдобрите дворски и, воопшто, светски фотографи, овие деца главно ги фотографира нивната мајка.






Таа е првата членка на кралското семејство која ги потпишува овие портрети, а сè започнало со официјалната фотографија на принцезата Шарлот во 2015 година.

Имено, нејзината страст кон оваа уметност датира уште од студентските денови, кога на Универзитетот „Сент Ендруз“ специјализирала токму за фотографија. Сепак, ако го прашате нејзиното семејство, некогаш знаела и да го остави фотоапаратот.

 

– Сите постојано ми велат: ‘Мамо, те молам, престани да нè фотографираш’ – се пожалила Кејт во разговор со фотографката Сери Едвардс, која е аматерка, пред неколку денови, што, без сомнение, им е добро познато на сите мајки кои не можат да одолеат и се обидуваат да го забележат секој потег на своите деца.

Најновиот портрет за кој се зборуваше е сцената на кралицата Елизабета втора и покојниот принц Филип, опкружени со нивните правнуци.

Сепак, Кејт најмногу сака да ги фотографира своите деца, а нивните прекрасни портрети истиот момент стануваат главна вест во сите медиуми.

ФОТО: Инстаграм/Твитер

Поврзани содржини