МАМЕЛ ЖЕНИ ВО БИТОЛА Ги запознал преку Фејсбук, а потоа ги љубел и ги крадел
Осомничениот е спроведен и задржан во СВР Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници вчера го привеле Д.М.(31) од Пробиштип, осомничен дека во периодот од мај до јули оваа година, по запознавање со две жени од Битола на социјалната мрежа Фејсбук и по започнување љубовна врска со нив, кај едната извршил кражба, а другата ја измамил за сума од 6500 евра и 7200 денари, соопшти МВР.
Тој е спроведен и задржан во СВР Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.