Малта се откажа од одлуката, невакцинираните може да влезат, но одат во карантин
Малта во петокот објави дека од оваа среда ќе забрани влез на сите невакцинирани посетители. Европската комисија ја повика Ла Валета во понеделникот да се откаже од одлуката.
Малта се откажа од одлуката да ги затвори границите за невакцинирани лица против ковид-19, неколку часа пред да стапи на сила одлуката и реши да им наметне карантин на таквите патници.
– Луѓето кои ќе дојдат на Малта без потврда за вакцинација ќе мора да одат во карантин некое време – објави владата во Ла Валета во вторникот вечерта.
Малта во петокот објави дека од оваа среда ќе забрани влез на сите невакцинирани посетители. Европската комисија ја повика Ла Валета во понеделникот да се откаже од одлуката.
На Малта, вакцинирани се 79 проценти од возрасната популација, со две дози. Немаше случаи на инфекција во земјата на 27 јуни, но Малта забележа 96 од нив во петокот, од кои 90 проценти беа невакцинирани.