МАЛТА ОДБЕЛЕЖУВА 59 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ Честитка од почесниот конзул Кочо Анѓушев за Денот на независноста

Почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев упатува желби за социјална и економска благосостојба до народот на Малта.

96

Почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита Денот на независноста на Малта, која годинава одбележува 59 години независност од Обединетото Кралство, стекната во 1964 година.

Почесниот конзул Анѓушев упатува желби за социјална и економска благосостојба до народот на Малта. Почесниот конзулат отворен во Скопје во 2021 година, е показател за посветеноста на двете земји за проширување на соработката и обезбедување поддршка и сервис за граѓаните.






Малта е членка на Европската унија од 2004 година и по сите параметри котира како една од најпросперитетните економии во Европа.

Поврзани содржини