МАЛОЛЕТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СКОПСКО МОЈАНЦИ Се судриле тротинет и „пунто“
Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
МВР извести дека вчера во 17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „21“ во скопското село Мојанци, општина Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат пунто“ управувано од Б.Б.(36) од село Сингелиќ и електричен тротинет, управуван од малолетник од Мојанци.
Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.