МАЛОЛЕТНИК СО „СЕАТ“ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО ДРУГО ВОЗИЛО Двајца повредени кај Неготино, гостиварско
Возилото на малолетникот излетало од коловозот и удрило во паркирано товарно возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на жител на село Неготино.
На регионалниот пат на излез од село Неготино, гостиварско, патничко возило „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од малолетник од сено Сенокосе, гостиварско, излетало од коловозот и удрило во паркирано товарно возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на жител на село Неготино.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од село Сенокосе, а со телесни повреди се здобил малолетниот возач, констатирани во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар – информира ОВР Гостивар.