Малолетник се обидел да силува 13 годишно девојче, се запознале на социјалните мрежи

515

 Петнаесетгодишен малолетник од Куманово се обидел да обљуби тринаесетгодишно девојче од Штип.

Во близина на пешачката патека покрај реката Брегалница вчера во Штип во периодот од 17 до 19 часот малолетникот се обидел да изврши обљуба врз девојчето, кое барало помош. Случаен минувач слушнал како девојчето повикува и бара помош, по што веднаш повикал полиција.






Полициските служби го лишиле  од слобода малолетникот од Куманово.

Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека 15-годишниот малолетник од Куманово и две години помалото девојче од Штип се запознале на социјалните мрежи, каде и имале комуникација.

За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини