МАЛОЛЕТНИК ПРОБОДЕ СОУЧЕНИК СО НОЖ Драма во училиштен двор во Кичево, кратка расправија прерасна во насилство

Случајот се случил во училишен двор во Кичево, кога по расправија, 17-годишник извадил нож и го повредил 15-годишниот ученик.

187

Шок и вознемиреност во едно кичевско средно училиште откако вчера 17-годишен ученик нападнал соученик со нож. Настанот се случил по кратка расправија меѓу двајцата малолетници, која прераснала во физички напад.

Според првичните информации, осомничениот по вербален конфликт извадил нож и му нанел убодна рана на 15-годишниот ученик. Повредениот бил пренесен на лекарска помош, додека напаѓачот бил приведен на лице место.






Од полицијата потврдија дека 17-годишникот е лишен од слобода, а против него ќе се води постапка за насилство.

Жителите на Кичево апелираат на посериозни мерки за безбедност во училиштата и поголема контрола врз внесување на опасни предмети од страна на учениците.

Поврзани содржини