МАЛОЛЕТНИК ОД СКОПЈЕ ПРЕГАЗЕН ВО АРАЧИНОВО Со тешки повреди е донесен во Градска болница
Возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(37) од селото Арачиново вчера попладне, удрило во малолетен пешак од Скопје, соопшти МВР во билтенот.
На регионалниот пат Скопје-Куманово, во село Арачиново, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(37) од с.Арачиново вчера попладне, околу 18:30 часот удрило во малолетен пешак од Скопје, соопшти полицијата во дневниот билтен.
Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, кои се констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.