МАЛОЛЕТНИК НАПАДНА СОУЧЕНИЧКА ВО УЧИЛИШТЕ ВО КАРПОШ Мајка пријавила напад врз ќерка, полицијата веќе го повикала сторителот

Инцидентот се случил за време на училишни активности, а полицијата најави поднесок по целосното документирање на случајот.

203

Шеснаесетгодишен малолетник од скопско е идентификуван како напаѓачот кој физички ја нападнал својата соученичка во средно училиште на подрачјето на општина Карпош.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 7 октомври 2025 година, во 12:30 часот, во Полициската станица Карпош бил извршен службен разговор со малолетникот, откако 46-годишна жена од скопско пријавила дека нејзината ќерка била физички нападната претходниот ден, околу 13 часот, во училишните простории.






Според пријавата, нападот се случил додека двајцата ученици биле на часови, по што девојчето добило телесни повреди. Настанот предизвикал вознемиреност кај учениците и наставниот кадар, а училиштето веднаш ја известило полицијата и родителите на вклучените ученици.

Од МВР соопштија дека се преземени сите потребни мерки за расчистување на случајот и дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните институции.

„Со малолетникот е извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини