МАЛОЛЕТНИК ИЗЛЕГУВАЛ СО ЕЛЕКТРО ШОК НАПРАВА Носел и метален пендрек за секој случај
По откривањето, повикан бил неговиот родител и во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, во полициската станица е извршен разговор. Во повеќе угостителски објекти, по 24 часот се затекнати малолетни лица, поради што против одговорните и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, најавија од полицијата.
Електро шок направа и метален пендрек се најдени и одземени од малолетник во Струга при мешаните патроли од полициски службеници, родители и претставници од секторот за образование при локалната самоуправа и од Центарот за социјални работи, во периодот од 22 до 2 часот по полноќ.
По откривањето, повикан бил неговиот родител и во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, во полициската станица е извршен разговор. Во повеќе угостителски објекти, по 24 часот се затекнати малолетни лица, поради што против одговорните и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, најавија од полицијата.
Целта на кампањата е родителите да видат какви се условите каде што излегуваат нивните деца, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните ризици со кои се соочуваат и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.
– Целта на проектот е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби пред сѐ, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир – рече портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.