МАЛОЛЕТНИК И МЛАДО МОМЧЕ ФАТЕНИ СО ПИШТОЛ Полицијата приведе две лица Јурумлери

Во утринските часови полицијата во Јурумлери пронајде пиштол „Екол“ и рамка со шест куршуми во патничко возило, при што двајцата возачи, меѓу кои и малолетник, беа лишени од слобода.

0

Утрово во село Јурумлери, полицијата приведе двајца мажи поради пронајден пиштол во патничко возило.

Околу 08:00 часот, патрола од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје сопрела „сеат“ со скопски регистарски ознаки на улица 1.






Возилото го управувал 21-годишниот М.А., а како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник, и двајцата од Скопје.

При контрола на возилото, полициските службеници пронашле пиштол „Екол“ и рамка со шест куршуми. Лицата веднаш биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна правна постапка.

Поврзани содржини