МАЛОЛЕТНИЦИ ЗАД ВОЛАН ВО ОХРИД И ВО СТРУГА Две возила одземени, следуваат пријави

По насоки од јавен обвинител, со малолетниците бил извршен службен разговор, а во присуство на родител одземени им се возилата.

0

Двајца малолетници биле затекнати како управуваат возила без да имаат положено возачки испит и без стекнато право за управување моторно возило, во одделни контроли спроведени од полицијата во Охрид и Струга.

При контрола во патниот сообраќај на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, извршена на 1 март во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид од сообраќај исклучиле од сообраќај патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки. При проверката било утврдено дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото било одземено, а по целосно документирање на настанот СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.






Во друг случај, при сообраќајна контрола спроведена на 2 март во 01:15 часот во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга од сообраќај исклучиле од сообраќај патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки. И во овој случај било констатирано дека зад воланот се наоѓа малолетник кој нема положено возачки испит и нема стекнато право за управување моторно возило. По насоки од јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор, возилото било одземено, а по целосно документирање на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Поврзани содржини