МАЛОЛЕТНИЦИ СО АВТОМАТСКА ПУШКА ПУКАЛЕ КОН КУЌА Уапсени по оружениот инцидентот во Тетово
Според информациите од СВР Тетово, малолетниците се сомничат дека на 26 мај околу 21:15 часот на улицата 111 во Тетово испукале неколку проектили од автоматска пушка во правец на куќа сопственост на лицето М.Т. од Тетово.
Двајца малолетници од тетовското село Гајре се приведени од страна на полицијата, поради сомнение дека пукале со автоматска пушка кон куќа во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Приведувањето се случило на 29 мај 2025 година околу 10:30 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, на влез во с.Гајре. Според информациите од СВР Тетово, малолетниците се сомничат дека на 26 мај околу 21:15 часот на улицата 111 во Тетово испукале неколку проектили од автоматска пушка во правец на куќа сопственост на лицето М.Т. од Тетово.
„По преземени мерки, полицијата ги идентификуваше и приведе осомничените. Тие се задржани во полициска станица, а во постапката се вклучени и јавен обвинител и претставници од Центарот за социјални работи“, информираше портпаролот на СВР Тетово за медиумите.
Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните институции.