МАЛОЛЕТНИЦИ ПРОБОЛЕ СО НОЖ ВРСНИК ОД СКОПЈЕ Итно е однесен во болница
Ужасниот настан се случил во близина на училиште.
Малолетник вечерва итно е однесен во Клиничкиот центар во Скопје поради здобиените повредите што ги добил од прободување со нож.
„Денеска (17.09.2024) пријавено е дека во близина на училиште во Скопје малолетник од Скопје бил нападнат со остар предмет од неколку лица, најверојатно малолетници. Лицето е пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош“, информираат од МВР за ТВ 21.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.