МАЛОЛЕТНИЦИ „ОПЕРИРАЛЕ“ НИЗ АЕРОДРОМ Четворица престапници извршиле тешки кражби во повеќе возила
Двајца престапници на 18-годишна возраст и двајца малолетници украле авомобил „југо“ и извршиле тешки кражби во повече автомобили на подрачјето на Аеродром.
Двајца 18-годишници и двајца малолетници се лишени од слобода под сомнение дека украле патничко возило „југо“ и изршиле тешки кражби на повеќе возила на подрачјето на општина Аеродром. Еден од престапниците е од Кавадарци, а другите тројца се скопјани.
„Денеска (12.04.2024) во 06.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, Т.И.(18) од Скопје и двајца малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека претходно одзеле патничко возило „југо” и извршиле „тешки кражби” во повеќе возила на подрачјето на општина Аеродром, при што одзеле повеќе предмети. Возилото и одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“ – информираат од МВР.