МАЛОЛЕТНИЧКА ВОЗНЕМИРУВАНА ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 23-годишник ја следел додека се враќала од училиште

Случајот го пријавил таткото на малолетната ученичка.

1

Во СВР Тетово, 49-годишник од Тетовско синоќе пријавил дека неговата малолетна ќерка била вознемирувана од 23-годишник од Kратовско, со кого се познавале од претходно.

– Според пријавеното, одреден период лицето ја вознемирувало од различни телефонски броеви и од лажни профили на социјални мрежи, а истиот ден околу 16:50 часот, по завршување на наставата, ја следел од средното училиште во кое учела до автобуската постојка, информираат од СВР Тетово.






Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Поврзани содржини