Малолетничка пријавила сексуално малтретирање во полициската станица на Попова Шапка
Полицијата и обвинителството ќе преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во полициската станица на Попова Шапка малолетничка пријавила сексуално вознемирување од страна на малолетник. Според пријавата, настанот се случил вчера околу 13 часот на Попова Шапка.
– Во 13.40 часот во СВР Тетово, малолетничка од Охрид пријавила дека околу 13.00 часот во центарот на Попова Шапка еден малолетник ја допирал по телото. За настанот бил известен јавен обвинител – информира СВР Тетово.
Полицијата и обвинителството ќе преземаат мерки за расчистување на случајот.