Малолетничка од Скопје насилно донесена во Тетово

294

Несекојдневен случај на насилно однесување и физички напад е пријавен во тетовската полиција од страна на малолетничка од Скопје. Таа вчера пријавила дека во саботата насилно била донесе во Тетово.

– На 16.05.2021 во 10 часот во СВР Тетово малолетничка од Скопје во присуство на педагог од Центарот за социјални работи-Тетово пријавила дека на 15.05.2021 во село Маџари после вербална расправија, со употреба на сила била однесена во Тетово, каде била и физички нападната – велат од СВР Тетово.






Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини