МАЛОЛЕТНИЧКА НАПАДНАТА НА УЛИЦА СРЕДЕ СТРУГА Полицијата го уапси 29-годишниот насилник од Тетово
Полицијата интервенирала по пријава, а осомничениот бил уапсен околу 2:30 часот по полноќ.
Дваесет и деветгодишен маж од тетовско село е уапсен ноќеска во Струга, откако, според пријавата, физички нападнал 17-годишна девојка.
Инцидентот се случил околу 2:30 часот по полноќ на улицата Ристо Крле, каде интервенирале полициски службеници од ОВР Струга по претходна пријава за напад. Осомничениот бил лишен од слобода на лице место.
Од полицијата информираат дека случајот се документира, а по целосно расчистување на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.