МАЛМЕД СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ Не земајте антибиотици за вируси
Оттаму ги потсетуваат здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикациското подрачје, како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт.
Од почетокот на пандемијата на ковид-19 зголемена е потрошувачката на антибиотиците, информира Агенцијата за лекови и медицински средства и потсетува дека антибиотиците се индицирани за третман на бактериска инфекција, но не и вирусна.
– Апелираме до граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на ковид-19 на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт – пишува во соопштението од Агенцијата.
Оттаму ги потсетуваат здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикациското подрачје, како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт.
Агенцијата за лекови и медицински средства согласно своите стратешки цели, а во насока на заштита и унапредување на јавното здравје будно ја следи употребата на антибиотиците за системска употреба.