МАЛКУ СОНЦЕ, МАЛКУ ОБЛАЦИ, ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА НЕВРЕМЕ Следува затоплување, за викенд повторно дожд
Најстудено ќе биде во Маврово, каде температурата ќе се спушти до 10 степени. Најтопло ќе биде во Скопје, Велес и во Гевгелија, со дневна температура до 32 степени Целзиусови.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Најстудено ќе биде во Маврово, каде температурата ќе се спушти до 10 степени. Најтопло ќе биде во Скопје, Велес и во Гевгелија, со дневна температура до 32 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18 степени, а дневната ќе се искачи до 32.

Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури.
Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.
