МАЛКУ ПОТОПЛО, ЌЕ ИЗЛЕЗЕ И СОНЦЕ Променливото време продолжува
Се очекува променливото време да продолжи и во текот на викендот.
Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена облачност поголема во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, прогнозира УХМР. Температурите ќе го достигнат 22. степен.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Се очекува променливото време да продолжи и во текот на викендот.