МАЛКУ НАДЕЖ ЗА ТЕШКО БОЛНОТО БЕБЕ ОД БРИТАНИЈА Италијанската премиерка Мелони ѝ дала државјанство на малечката Инди за да се лекува во Рим
Велат дека нема многу надеж за малата Инди, но ќе направам сѐ што е во моја моќ да ѝ го одбранам животот до крај. И да го одбранам правото на нејзината мајка и татко да направат сѐ што можат за неа – напиша Мелони на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
Тешко болното осуммесечно бебе од Велика Британија доби италијанско државјанство бидејќи нејзините родители се борат да ги спречат британските лекари да ја исклучат од апаратите кои ја одржуваат во живот.
Високиот суд им кажа на лекарите во Нотингем дека можат да го откажат лекувањето за Инди Грегори, кој има митохондријална болест.
Родителите на Инди се против ова, додека римската болница „Бамбино Ѓезу“ најави дека сака да продолжи со нејзиното лекување.
Сега италијанската влада и даде државјанство на малечкаа Инди со цел да му прижи поддршка на семејството, јавува Би-Би-Си.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека ќе го брани животот на Инди до крај.
„Велат дека нема многу надеж за малата Инди, но ќе направам сѐ што е во моја моќ да ѝ го одбранам животот до крај. И да го одбранам правото на нејзината мајка и татко да направат сѐ што можат за неа – напиша Мелони на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
Dicono che non ci siano molte speranze per la piccola Indi, ma fino alla fine farò quello che posso per difendere la sua vita. E per difendere il diritto della sua mamma e del suo papà a fare tutto quello che possono per lei. pic.twitter.com/3qKghAi1Uh
— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) November 6, 2023
Италијанската влада се состана во понеделникот за да му даде државјанство на детето, повикувајќи се на „надминувачки хуманитарни вредности“.
Христијанската огранизација „Кристијан Концерн“, кој ги поддржува родителите на Инди, рече дека во вторник ќе се одржи итно сослушување на Вишиот суд за да се разгледа нејзиното отстранување од апарати за одржување во живот.
Инди има митохондријална болест и лекарите во Британија рекоа дека ништо повеќе не можат да направат за неа.
Тие рекоа дека девојчето умира и на судското рочиште додадоа дека лекувањето и предизвикува болки.
Сепак, нејзините родители Клер и Дин Грегори се борат да го однесат девојчето во болница во Рим која се согласила да продолжи со нејзиното лекување.
Извор од италијанската влада изјави за новинската агенција Ројтерс дека семејството ќе може да аплицира до италијанскиот конзулат во Британија за да побара Инди да биде префрлена во Италија, но дека Британија нема обврска да го исполни барањето.
Родителите не кријат дека се среќни поради потегот на Италија.
– Срцето ми е исполнето со радост што Италијанците ни ја вратија надежта и вербата во хуманоста на Клер и мене – рече таткото на малечката Инди.